Во среда во попладневните и во вечерните часови од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд.

Во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето.

Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.

Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.

За време на викендот, а особено во недела наутро го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона на повеќе места, што значи на многу места низ Македонија температурата во недела наутро ќе се спушти до околу 0 степени, а понекаде и за некој степен под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот пак ќе се искачуваат во интервалот само 7 до 13 степени.

Се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *