Со претходната игра Pokemon Go, играчите користејќи ги своите мобилни телефони ловеле нацртани „суштества“ кои можеле да ги видат во просторот од нивната соба и надвор.
Но, сега нема да има брзање, туку „колку подолго спиете, толку подобар резултат ќе имате наутро“Играта Pokemon Go, лансирана во 2016 година, беше светски успех. Бесплатната игра користи сателитски локации, графика и камери за да ги преклопи цртаните ликови со реалниот свет, а целта е играчите да фатат „монструозни суштества“ кои вешто ги избегнуваат.