Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 7 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.
Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот. Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец и голем пад на температурите на воздухот.
Викендот кој доаѓа ќе биде многу студен и снежен.