Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање. До самиот крај од оваа недела ќе имаме променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Што се однесува до температурите, тие и во текот на оваа работна недела ќе бидат без поголеми промени и речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до близу или околу 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат и до околу 30 степени. За време на викендот температурата ќе бележи тенденција на опаѓање.