Јаник Синер ќе се бори за својата прва гренд слем титула откако го победи актулениот шампион Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.

Италијанецот славеше со 6:1, 6:2, 6:7, 6:3, нанесувајќи му го првиот пораз на Ѓоковиќ во Мелбурн од 2018 година. Светскиот рекет број еден има освоено рекордни десет титули на овој турнир и никогаш порано немаше изгубено во полуфиналето.

Во финалето, 22-годишниот Синер ќе игра против победникот на второто полуфинале, во кое се среќаваат Данил Медведев и Александер Зверев.

Ѓоковиќ влезе во сезоната со амбиција првпат да освои „златен слем“, односно сите четири гренд слем титули во една календарска година, но се сопна уште на првата пречка.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *