Најголем дел од Македонците ги прославуваат родендените на децата во игротеки, на еден детски роденден најчесто има повеќе од 20 гости, за торта се трошат од 2.000 до 3.000 денари и еден детски роденден чини во просек од 20 до 30 илјади денари. Ретки се оние што ги слават родендените на децата со помалку гости. Најголем дел од нашите испитаници одговорија дека на родендените имаат повеќе од 20 гости. За најважното нешто на роденденот, тортата, родителите очигледно не штедат, па најголем дел од нив во просек за тортата даваат по 2 до 3 илјади денари. Во однос на плаќањето за фотографи, украсувања, слатки маси и слично, една третина од родителите што ја одговорија нашата анкета истакнаа дека не даваат пари за тоа, додека останатите го поднесуваат и тој трошок.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *