Таксират, македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал, годинава прославува јубилејно 25-то издание. Одбележува со многубројни концерти и настани, а ја најави и програмата за финалната вечер, со која на 7 декември ќе биде заокружена прославата четврт век Таксират во Скопје. На 3 сцени, кои ќе бидат поставени во скопската арена „Борис Трајковски“ со настапи на 10 музички ѕвезди, на главната вечер збирно место ќе има и новата генерација. Главната вечер на Таксират е резервирана и за едни од најпочитуваните балкански изведувачи со убедливо најуспешни интернационални кариери. Годинава, јубилејното 25-то издание се одржува со програма која вкупно брои повеќе од 60 концерти и настапи на разни локации во Скопје, а која ќе биде заокружена со финалната прослава и настапите на овие 10 музички ѕвезди во една главна вечер, на 7 декември, во арената „Борис Трајковски“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *