Денешниот ден 5 октомври е прогласен за Светски ден на учителите. Учителите се водечка светлина за учениците, тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе. Денес овој ден се одбележува и се заблагодарува на сите учители за придонесот што го даваат за развивање и унапредување на општеството преку нивната работа, а со тоа и создавање на подобро утре. Со изменетите општествени односи, напредокот на техниката и изменетите улови на стекнување на знаењето, учителите се соочуваат со низа предизвици. Процесот на реформата во образованието која бара едуциран учител кој има стекнато современи вештини на користење на информатичката техника и добро познавање на детската психологија. А заедно тимски треба да се оствари благородната мисија за иднината на младите.