На денешен ден Тоше Проески одржа голем концертен спектакл на градскиот стадион во Скопје, кој сега го носи неговото име а токму денеска се навршуваат 15 тажни и тешки години без нашиот најпознат пејач на сите времиња, пред кого стоеше светска слава. По тој повод, во неговата спомен-куќа, сите негови обожаватели и пријатели, колеги денеска  го организираат настанот „Со љубов за Тоше“, кој е финансиски поддржан од Министерството за култура и НУ „Спомен-куќа на Тоше Проески“. На концертот голем број домашни и балкански музички имиња и пријатели на Тоше ќе ги пеат неговите незаборавни вонвременски хитови. На настанот, кој ќе почне во 19 часот, песните на Тоше ќе ги пеат: Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Каролина Гочева, Бени Шакири, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Кристина Петровски Арнаудова, Јоце Панов, Биљана Јосифов, Мартинијан Кириловски, Омар Џаферовски и Влатко Груевски. Нив ќе ги придружуваат Камерниот оркестар од Битола и бендот на Тоше.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *