Денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди претпладне и во јужните делови од земјата. Во утринските часови температурата се движат во интервалот од 8 до 17, а во текот на денот од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во следните денови ќе се задржи и понатамау топло. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.