Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските темпераури се движат од 17 до 22, додека дневните максимални соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 42 Целзиусови степени.
Со тоа што земјата влегува во портокаловата фаза, од Владата соопштија дека стапуваат во сила препораките за намалување на ризиците од високите температури.
Во следните четири дена, бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.
Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.