29 јули требаше да биде уште еден посебен ден за македонската музичка сцена – денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47-миот роденден.
Како дел од легендарното дуо ДНК, заедно со Андреј Ѓеорѓиески создаде безвременски хитови кои оставија длабока трага и станаа дел од музичката меморија на повеќе генерации.
Но, покрај музиката, Панчо ќе остане запаметен и по својата човечност, искреност и насмевката што несебично ја споделуваше со сите околу себе.
На денот кога требаше да го прослави својот 47-ми роденден наместо честитки остануваат спомените, песните и трајното сеќавање на човекот кој остави неизбришлива трага во македонската музика и во срцата на својата публика.


