Во последните 50 години, Денот на планетата Земја го прославуваат милијарди луѓе ширум светот, секоја година на 22 април, за да се здружат во промовирањето на свеста за здравјето на нашата животна средина. – Оваа година, Денот на планетата Земја се одбележува под мотото „Наша енергија, нашата планета“, со што се истакнува клучната улога на луѓето во преминот кон чиста и одржлива енергија. По повод 55-годишнината од глобалното движење, фокусот е ставен на итната потреба да се утрои глобалното производство на обновлива енергија до 2030 година, како еден од најмоќните одговори на климатската криза. Решенијата веќе постојат – сонцето, ветерот и геотермалната енергија
