Декември го најавува перидот на најубавите празници – Нова Година, Бадник и Божиќ се празниците кои не прават среќни и ни носат насмевки на лицата. Предновогодишните попусти носат многу можности да ги купиме оние работи кои не сме можеле да си ги дозволиме по нормална цена. Иако често бараат многу социјализирање и дружење со луѓе кои не ги сакаме премногу, сепак се опуштаме пред крајот на годината и си даваме можност да уживаме целосно, без да се оптеретуваме со други неважни работи. Особено доколку годината не ни била една од најубавите, декември ни дава надеж дека доаѓа крајот на годината, а почнува една сосема нова година во која ќе бидеме посреќни.Декември носи можност за првиот снег во годината, кој иако често е изненадување за градските власти, сепак носи среќа за многумина, а особено за децата.

Тој е најубавиот месец од годината.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *