За првпат во Штип, во Angels Cafe, ќе настапи хитмејкерот Дарио, човек кој веќе четири децении гради успешна музичка кариера. Со низа хитови кои се постојано актуелни и слушани, Дарио важи за еден од најголемите музички имиња на македонската музичка сцена. Секој негов настап е гаранција за одлична забава, а неговите песни продолжуваат да бидат омилени кај многу генерации.
Дарио, својата музичка кариера ја започна во групата „Бон-тон“ и ја продолжи со својот бенд „Миг-21“, неговиот успешен музички пат вклучува четири соло албуми, како и еден албум во живо.
Минатата година, Дарио ја одбележа својата 40-годишнa кариера со ексклузивен концерт во Филхармонија, а сега публиката во Штип ќе има прилика да ги запее најголеми хитови. За оние што сакаат да се потсетат на легендарните денови на „Миг-21“, овој настап ќе биде уникатна прилика да уживаат во музиката која остави траен печат на македонската музичка сцена.
Со настапот на Дарио посетителите ќе имаат прилика да ја почуствуваат и на некој начин да ја отворат новата Новогодишна и Божиќна бајка во Angels Cafe.
Во продолжение додека го чекаме петок да се потсетиме на неговите најголеми хитови…
новинар Никола Арсов