Гимназијалецот од Штип, Даниел Христов, освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најтешките и најреномираните меѓународни натпреварувања за млади хемичари во светот, информираа од СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип.

Од гимназијата истакнуваат дека овој успех е резултат на долгогодишен труд, посветеност и голема љубов кон природните науки. Даниел успешно ја претставувал својата училишна и државна заедница, покажувајќи високо ниво на знаење и компетентност.

Наставниот кадар и соучениците упатија честитки за постигнатиот резултат, нагласувајќи дека ова е голем поттик за понатамошни успеси и развој во научната кариера на младиот ученик.

Менделеевата олимпијада по хемија се смета за најстара, најпрестижна и најсложена олимпијада од овој тип, а годинава се одржа во Москва, Русија.






23/04/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *