Македонците не ја нарушија оваа традиција ниту во турското ропство, ниту во многубројните војни и неволји, сè до времето на комунизмот.
Знаеме дека скоро секој дом има свој светец заштитник. Меѓутоа, како семејствата ја добиле својата слава и што претставуваат?
Меѓутоа, што е куќната слава? Тоа е обичај, кој е повеќе застапен во централна и западна Македонија. Скоро секој дом има свој светец заштитник, а христијанските светци не се некакви измислени богови, туку вистински личности, кои биле луѓе на земјата и отишле во рајот. Оттаму се молат за нас на земјата.
Куќната слава е израз на побожноста кај нашиот народ, молитвено прославување на еден светител, како личен заштитник или заштитник на семејството и семеен молитвен застапник пред Бога, на славата поревносно и помолитвено го пославуваме и величаме светителот.
-Името „слава“ значи славење на Бога и прославување на светите Божји угодници, преку благодарење за добрините што ни ги дал Бог и за помошта од светиите, како и наша молитва за натамошно нивно застапништво за нас.
-Домашен празник не се одбележува само со богатото гоштевање, туку и со молитва, вера и со добри дела.
Оваа традиција Македонците не ја прекршиле ниту во турското ропство, ниту во многубројните војни и неволји, сè до времето на комунизмот, кога во многу домови се изгаснале словенските свеќи.
Мора да се избегнува подготовка на мрсни јадења во деновите на постот, прекумерна употреба на алкохол, лоши зборови и пцовки и пушење покрај празничната свеќа.
Најчесто домашните слави се пренесуваат од генерација на генерација, но има семејства кои не знаат точно како ја наследиле славата или зошто токму тој светец е одбран за да го слават за куќна слава.