Се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr – Zdr. ASL PLS. Години, пол, локација, те молам. Мирцот ни беше главен извор на забава, а целта беше да се напише што покреативен ник или прекар. кога веќе сме кај „мирцот“ – тоа беше епидемија позаразна и во короната во почетокот на новиот милениум. Нов начин на комуникација на која ниту еден тинејџер не остана имун. Во тоа време сопствениците на популарните сајбер кафулиња си ги наполнија џебовите. Ретко кој имаше интернет дома, а тој беше бавен и прилично скап. И ако сакаш да зборуваш со истата личност, на која најчесто, не ѝ го знаеш името, требаше да ѝ го запаметиш никот за следниот ден пак да го бараш. Немаше профилни фотографии, немаше стоцици албуми со фотографии од секој одмор или екскурзија и објави од сите јадења или коктели што сме ги консумирале во последните шест месеци.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *