На профилот на Роналдо, објавата за помалку од 16 часа собра неверојатни 30 милиони лајкови, а на Меси истата фотографија собра нешто повеќе од 23 милиони лајкови.

Иако поминаа помалку од 24 часа, фотографијата веќе е на врвот на најлајкуваните во историјата на „Инстаграм“ и моментално е на четвртото место. Најлајкувано фото и понатаму е познатото јајце со 55,8 милиони лајкови, потоа Роналдо кога најавува дека ќе добие близнаци и последната објава на раперот xxxtentacion пред да биде застрелан во глава.

Меси и Роналдо позираа заедно за реклама на „Луј Витон“, а фотографијата беше објавена еден ден пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Истото фото е објавено и на Инстаграм-страницата на „Луј Витон“ и може да се пофали со преку 3 милиони лајкови.

„Со долга традиција на изработка на куфер-сандак за најпосакуваните спортски трофеи во светот, нашата куќа слави двајца од најталентираните фудбалери на денешницата“, напишаа од „Луј Витон“ во нивната објава.

Интересно е што не е вклучен фудбалот и наместо тоа, двете фудбалски легенди можат да се видат длабоко концентрирани, како играат шах еден против друг на голем куфер од „Луј Витон“. Оваа маркетиншката фотографија на модната компанија „Луј Витон“ веќе стана една од најлајкуваните објави на „Инстаграм“, а ја направи познатата фотограферка Ени Либовиц  во рамки на кампањата на модниот бренд.

Двајцата големи ривали на фудбалскиот терен истовремено ја споделија на своите Инстаграм-профили во саботата во 11 часот навечер, и испратија идентична порака. „Победа е состојба на умот“, гласи пораката под фотографијата која досега собра неверојатни 30 милиони лајкови на „Инстаграм“ и безбројни споделувања на социјалните мрежи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *