Курасао приреди вистинска сензација со пласманот на Мундијалот, а таа приказна доби уште посилна историска нота. Во своето деби на големата сцена, селекцијата стигна до првиот бод по ремито без голови против Еквадор (0:0).По тие 90 минути исполнети со голема борба и силни емоции, Курасао се претвори во вистинска сензација на турнирот. Посебно внимание привлече и мигот од соблекувалната, каде на славјето се приклучија и кралот и кралицата на Холандија, имајќи предвид дека Курасао е прекуморска територија на Холандија.Кралот Вилем и кралицата Максима заедно со фудбалерите и стручниот штаб танцуваа во соблекувалната, а видеото од славјето веднаш се прошири и стана вирално на социјалните мрежи.
