Членовите на „Колдплеј“ соопштија дека им е исклучително жал што мора да ги одложат претстојните настапи во Бразил, откако фронтменот Крис Мартин доби сериозна инфекција на белите дробови. Британскиот бенд вчера објави дека настапите закажани за овој месец ќе се одржат на почетокот на 2023 година.„Колдплеј“ требаше да има осум концерти во Рио и Сао Паоло како дел од светската турнеја Music of the Spheres. Но, Мартин има строга лекарска наредба да мирува три недели, твитна бендот а здравјето се разбира дека е најважно