Повеќе од 430 милиони луѓе неделно му поставуваат здравствени прашања на ChatGPT со други зборови го користат како лекар.
Главоболка? Притисок, Срце? Чудни резултати од крвна слика?

Наместо веднаш да закажат преглед, сè повеќе луѓе прво го отвораат ChatGPT. Овој нов „доктор во џеб“ за неколку секунди дава објаснувања, можни причини и совети.
Тоа веќе не е тренд, туку навика.

Според најновото истражување, секој трет возрасен човек користел AI алатки за здравствени информации или совети во текот на изминатата година.
Но, колку и да е паметна вештачката интелигенција, може ли навистина да го замени лекарот? Или треба да ја користиме само како дополнителен извор на информации, а не како некој што ќе ни постави дијагноза или ќе ни каже каква терапија да земеме?

Според лекарите, сè повеќе пациенти доаѓаат на преглед откако претходно побарале мислење од AI алатки. Тие сметаат дека ваквите технологии можат да помогнат во информирањето на пациентите, но нагласуваат дека не располагаат со клиничко расудување, не можат да извршат физички преглед и не треба да поставуваат дијагноза или да препишуваат терапија.
Затоа, добро е да прашаме, да се информираме и да бидеме љубопитни. Но, не е добро сами да си поставуваме дијагноза, ниту на своја рака да почнуваме или прекинуваме терапија затоа што така ни кажал интернетот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *