Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ го коментираше претстојниот дуел против Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.„Се претставивме одлично со пласманот во четврт-финалето. Сепак, сакаме повеќе. Знаеме дека нè очекува најважниот натпревар на турнирот против еден од фаворитите за титулата. Од досега прикажаното, заслужено се на оваа позиција. Мора да го одиграме нашиот најдобар натпревар и ќе имаме шанси. Ние веруваме во нашите можности“, изјави Модриќ.Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, во пресрет на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Хрватска изјави дека максимално ги почитува светските вицешампиони. Натпреварот Бразил-Хрватска е денеска од 16 додека од 20 се игра уште еден четвртфинален натпреавр помеѓу Холандија-Аргентина.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *