Познатиот британски музичар, продуцент и визуелен уметник Брајан Ино, е следниот добитник на „Златен лав“ за животно дело со особен придонес во областа на музиката, соопштија организаторите на реномираниот Филмски фестивал во Венеција. Одделот за музика на Биеналето во Венеција одлучи да го награди Ино за истражувањето на квалитетот и убавината на дигиталниот звук, за неговото проширување, како и за концептот на акустичниот простор како компонирачки инструмент.

13/03/2023

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *