Бојан Миовски  е трет стрелец во шкотското првенство со 14 голови и две асистенции.

Миовски, игра одлична сезона во дресот на Абердин, и неговите голови во шкотскиот фудбал не остана незабележани.

Деветката на славниот шкотски клуб доби големо индивидуално признание и се најде во друштво на најдобрите фудбалери во Премиер лигата на Шкотска, поточно во најдобриот тим на сезоната во шкотската елита.

Очекувано во „дрим-тимот“ најмногу фудбалери има од гигантите Глазгов и Селтик, а по еден има од Хартс, Абердин, Данди и Мадервил.

На последниот натпревар во полуфиналето на купот на Шкотска Миовски повторно затресе мрежа на шкотски гигант. Членот на Абердин по само две минути игра против Селтик постигна гол за водство на својот тим од 1-0.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *