На Меѓународниот турнир „Победник“ во Белград борачите на Балканец го освоија првото место и голем број на медали.

На Меѓународниот турнир „Трофеј Победник“ во Белград учествуваа преку 150 борачи од 8 држави, Балканец во генерален пласман го освои првото место и беше прогласен за најдобар клуб на турнирот, односно го освои „Трофеј Победник“ втора година по ред.

Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:

25 кг Лука Николов – прво место
37 кг Дарио Ѓуров – прво место
37 кг Христијан Нацев – второ место
40 кг Лука Ананиев – прво место
48 кг Андреј Мишев – прво место
52 кг Никола Гицев – прво место
68 кг Фаик Мемедовски – второ место
75 кг Зоран Шоров – второ место
80 кг Никола Кертков – трето место
85 кг Јован Стефанов – прво место
110 кг Тео Стојков – прво место
50 кг Бојана Ковачова – прво место
58 кг Викторија Ѓурова – второ место
62 кг Мелани Митевска – прво место

Со екипата на Балканец настапија и двајца борачи од БК Спартак кои освоија:

60 кг Даријан Павлев – прво место
68 кг Павел Темелков – прво место

Екипата беше предводена од тренерите Ангел Стефанов и Иван Анакиев.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *