Најдобриот локал во Македонија Angels Café,  брендот на град Штип каде многу генерации уживаат во најдобрите денски и ноќни забави, кафе шема, коктели, прекрасен и уникатен амбиент на 7 април слави 14 години.

Роденденскиот викенд почнува во петок со настап на најдобриот женски вокал во Македонија Каролина Гочева.

Сабота со Dj Jayla од соседна Грција.

На 7 април роденденот на Angels Café ќе се слави со 10 часа забава почнувајќи од 14:00 па се до 00:00 часот.

Забава ќе има буквално за сечиј вкус со познати артисти и тоа:

Ѓоко Танески, Бока Конга, DJ Face и познатато караоке на Mето Ди Флеш.

Менаџментот на локалот најавува одлична забава со изненадувања збогатена со италијански вкусови на Bottega Del Gusto.

 

Во изминатите години гостите од државата и од страна имаа можност да бидат дел од најголемите забави во државата со уникатни и тематски содржини меѓу кои познатиот  Summer beach Festival, настапи на домашни и странски изведувачи,( Владо Јаневски, Фрајле, Наташа Беквалац, Хари Мата Хари, Петар Грашо, Александра Јанева, Бока Конга и Боби САКС, Дац и Александaр, Stand up Comedy, Sushi Night, Italian Art,  Караоке и многу други настани кои придонесоа Angels Cafe да го задржи приматот најдобар локал а гостите секогаш да раскажуваат.

Angels Café  може буквално да се пофали со неколку рекорди. Измината година за еден викенд Коктел-мајсторите подготвија неверојатни  1348 коктели за само еден викенд.

Во #бројки, вака некако би изгледала 2023-тата година :

– 49,596 приготвени #коктели

– 149,256 испиени #кафиња,

– 9 тона млеко

– 18 тона потрошено #овошје,

– 2 тона #џин,

– 4 тона #вино,

– 2 тона ликери и сирупи за коктели,

– 5 тона негазирани сокови за коктели,

– 50,157,126 илјади денари #промет.

Тимот на Angels Café и во иднина најавува пријатни и прекрасни моменти, со многу забава, дружење и насмеани лица!!!

Happy 14 Birthday Angels Café

Place of fun, love & happiness…

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *