Се изнајмуваат ли книги, со колкав број на членови располагаат, кои жанрови се претпочитаат… Ова се некои од прашањата до локалните библиотеки, кои ги споделуваат своите искуства и ритамот на работа. За жал, низ годините библиотеките во Гевгелија, Велес, Кочани, како и другите градови низ Македонија, се соочуваат со долгорочни проблеми поврзани со недоволната екипираност и недостигот од простории за складирање. Во последниот период се бележи зголемување на изнајмувањето книги поради континуираната набавка на нови наслови. Понекогаш читателите се неодговорни, не ги враќаат земените книги или ги оштетуваат. Исто така, со растот на фондот се соочуваат со недостиг од простор.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *