Долги колони и чекање од неколку часа за влез во земјава преку граничниот премин Прешево-Табановце се создадоа вчера откако системот „Безбеден град“ почна да функционира и за странските државјани кои направиле сообраќаен прекршок возејќи нив Македонија.

Министерството за внатрешни работи информира дека почна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.

Оттаму појаснуваат дека поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци.

-На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка, информира МВР.

Најмногу погодени се српските државјани кои најчесто ја користат земјава на пат кон одморалиштата во Грција.

20/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *