Македонските државјани со црвената патна исправа без виза можат да влезат во 129 држави. Тоа на нашиот пасош му го обезбеди 40-то место, од 106 позиции на кои се распоредени патните исправи во светот за 2025 година, опфатени во рангирањето на британската консултантска компанија „Хенли & Партнерс“.

Оваа позиција Северна Македонија ја споделува со Црна Гора и со Маршалските Острови.

Американскиот пасош на деветото место, а на амерканските државјани не им е потребна виза за влез во 186 земји. Исто како и на имателите на естонскиот пасош.

Што се однесува до можностите што ди дава црвената патна исправа – без виза може да се влезе во повеќе европски земји: Австрија, Албанија, Андора, Белгија, БиХ, Германија, Грција, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Кипар, Косово, Летонија, Литванија, Ликсембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

Исто така, со македонски пасош без виза се влегува во Израел, Индонезија, Јапонија, Макао, Малезија, Сингапур, Узбекистан и Хонгконг.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *