Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 2 денари и ќе чини 85,5 денари/литар.

Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 90 денари/литар, а  Мазутот М-1 НС по 52,786 денари/килограм.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.