Тројца борачи од штипскиот боречки клуб „Балканец“, Стефан Стојков, Стефан Штерјов и Андреј Трајчов, ќе ја претставуваат македонската репрезентација на Светското првенство во Каракучак борење.

Првенството ќе се одржи во Анкара, Турција, а натпреварувањето е организирано согласно календарот на Светската боречка унија (UWW).

Од штипскиот клуб „Балканец“ им посакаа успешен настап на своите борачи, кои со своите настапи ќе имаат можност да го претстават Штип и Македонија на светската сцена.

За младите борачи од штипскиот клуб ова е значаен настап и можност за стекнување ново меѓународно искуство во конкуренција на најдобрите каракучак борачи од повеќе земји.

14/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *