Стефанија Гаштарска македонската балерина е помеѓу 8те млади артисти прогласени за иднината на рускиот балет, според руското издание на списанието Форбс.
22 годишната Стефанија е солистка во познатиот Пермски академски театар на опера и балет Петар Илич Чајковски, а во 2020та стана прва македонска балерина – дел од балетскиот ансамбл на престижниот Бољшој театар во Москва.
Гаштарска балетското образование го започнала во Скопје, во средното училиште Илија Николовски – Луј а потоа на 14 годишна возраст образованието го продолжува во Русија, во Пермското кореографско училиште. Дипломира со највисоки оценки на престижната Московска академија за балет на театарот „Бољшој„ во класот на почесниот уметник на Русија Ирина Пјаткина, како единствена балерина од странство во руски клас.
Во нејзиниот богат репертоар на изиграни главни улоги се Маша во претставата Оревокршачка, Аурора во „Заспаната убавица„, Јулија во Ромео и Јулија, Жизел во претставата Жизел како и многу други светски познати балетски перформанси. Младата балерина е лауреат на неколку меѓународни балетски натпревари.