Светски познатиот моден бренд „Баленсијага“ ја објасни причината за лансирањето на скандалозната кампања со слики на деца кои позираат со играчки за возрасни и алкохол. Тие објавија и соопштение во коешто се извинуваат за рекламата што сега е повлечена и отстранета.
„Остро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни беше намера да ги вклучиме во оваа наша приказна. ‘Баленсијага’ ја презема сета одговорност. Чанти со плишани мечиња и колекцијата подароци не требаше да се поврзуваат со деца. Ова беше погрешен избор од наша страна, споено со неуспехот при оценувањето и потврдувањето на фотографиите. За тоа сме одговорни единствено ние“, објаснуваат тие во соопштението и велат дека се спроведува внатрешна истрага за одговорност за таквиот превид.