Австралија ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба од јануари, обидувајќи се да ја спречи зависноста од никотин кај децата.„Вејпингот“ се смета за начин да се откажете од пушењето, но австралискиот министер за здравство вели дека тие електронски цигари создале нова генерација на зависници од никотин, па затоа сега сакаат целосно да ги укинат. „Вејповите“ се уреди со литиумски батерии кои имаат патрони исполнети со течности кои содржат никотин, вештачки ароми и разни други хемикалии.

Експертите предупредуваат дека сè уште не се знае доволно за долгорочните ефекти од пушењето вакви цигари. Истражувањето на Универзитетот Џон Хопкинс го поврзува оушењето на електронски цигари за еднократна употреба со хронични белодробни заболувања и астма.

Во Австралија, научниците кои ги проучуваат течностите што се користат во „вејповите“ предупредија дека тие содржат хемикалии за кои е познато дека влијаат на здравјето на белите дробови. Австралиското соопштение доаѓа само неколку дена откако владата на Нов Зеланд ја укина глобалната забрана за пушење за да плати даночни намалувања.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *