Невообичаено силна сончева геомагнетна бура која ја погоди Земјата и е најсилна во последните 21 година предизвика појава на поларнaта светлина Аурора Бореалис и викендов можно е да предизвика нарушување во комуникацијата.

Аурора бореалис во Европа е видена ноќеска појужно од вообичаено, пишува Гардијан – од Ирска и Британија до Чешка и Германија.

На 9 мај 2024 година, американскиот центар за предвидување на времето во вселената (SWPC) издаде предупредување за многу силна сончева бура Г4 што ќе ја погоди Земјата овој викенд – прво такво предупредување од јануари 2005 година.

Набљудувајќи го големиот кластер на Сончеви дамки, наречен AR3664, научниците снимиле изливи на коронални масовни ерупции, насочени директно кон нашата планета, во период од два дена.

Американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА) издаде предупредување за силна геомагнетна бура што ја погоди Земјата во петокот попладне, неколку часа порано од очекуваното, велејќи дека тоа е најсилната соларна бура што ја погодила Земјата од октомври 2003 година.

NOAA вели дека ефектите од геомагнетната бура ќе се почувствуваат во текот на викендот, а можеби и следната недела.

NOAA ги предупреди операторите на електрани и леталата кои орбитираат да преземат мерки на претпазливост.

Сончевата бура може да предизвика поларна светлина дури и во јужниот дел на САД, вклучително и Алабама и северна Калифорнија, според NOAA.

Треба да се напомене дека ова невреме претставува закана за високонапонските далноводи, а не за електричните водови во домовите.

Сончевата бура може да влијае на работата на сателитите во орбитата, што би можело да предизвика прекин на навигациските и комуникациските услуги на Земјата.

НАСА соопшти дека сончевата бура не претставува сериозна закана за седумте астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Екстремната геомагнетна бура во 2003 година предизвика прекин на електричната енергија во Шведска и оштети трансформатори во Јужна Африка.

Како последица на силна сончева бура која предизвика силна ерупција од сончеви дамки, синоќа поларната светлина можеше да се види и на Балканот.

Иако Аурора Бореалис е феномен поврзан со северот на Европа, синоќа го осветли небото над Босна и Херцеговина, како и Хрватска, јавуваат регионалните медиуми, а можеше да се види и во северните делови на Србија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *