Информација која кружи околу социјалните мрежи и пред се дава поттик и мотивација за да го вметнете фитнесот во вашиот живот и да се грижите пред се за вашето здравје. Без разлика на вашата возраст. А пример е 60 годишниот англичанецот покажува дека и на тие години во целост можете да си го промените животот. Откако не можел да ги врзе врвките од чевлите без да си го повреди грбот и да остане без здив. Одлучил да престане со брзата храна, со лебот и со алкохолот, да пешачи и да вежба. Со неговата упорност, за 10 месеци изгубил повеќе од 60 килограми. После оваа трансформација, посочил дека не само што се чувствува поздраво, се чувствувал и многу посамоуверено, има повеќе енергија и се чувствува многу порелаксирано во јавност. Еве доказ дека за ништо во животот не е доцна.