Во срцето на Штип, Angels Cafe ова лето повторно ја менува атмосферата и носи ново доживување кое ги спојува музиката, стилот и летните ноќи во едно уникатно искуство.
Оваа сезона е инспирирана од темата „Midnight in Versailles“ — концепт кој ја пренесува елеганцијата и мистиката на Версај во летна, модерна и музичка верзија. Просторот добива сосема нова визуелна и емоционална димензија, создадена за уживање, дружење и незаборавни вечери.
Како и секоја година, Angels Cafe ја продолжува својата традиција на креативни летни концепти. Секој сезонски период носи нова приказна, нова енергија и нов начин на уживање — од овој викенд посетителите ги очекува нешто различно и возбудливо.

Angels cafe темата Midnight in Versailles ја отвора со одлична музичка програма:
Викендот започнува со DJ FACE, кој ја носи енергијата на ноќта и го поставува ритамот на летото
Во сабота преку ден ве очекува Unplugged со No End атмосфера за релаксирано уживање со почеток од 13:00 часот.
Саботната вечер кулминира со настап на KIKI TSALIKI, за вистински музички спектакл и официјално отворање на „Midnight in Versailles“
Неделата е резервирана за емоции и песна со METO DI FLASH
Коктели, светлосна магија, внимателно дизајнирана атмосфера и летни ноќи кои траат подолго од очекуваното — сето тоа е дел од приказната што ова лето се пишува во Angels Cafe.
Midnight in Versailles by Angels Cafe не е само тема. Тоа е доживување…


И ова лето 2026 нека биде незаборавно.
