„Celebrity networth“ американска  веб-страница која се занимава со проценки на вкупните средства и финансиските активности на познатите личности од светот на спортот, музиката и другите гранки на шоу-бизнисот, во својата листа вклучи и некои од популарните луѓе од поранешна Југославија.

Ѓоковиќ – 220 милиони долари
Најуспешниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поседува имот со нето вредност од 220 милиони долари. Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња со кариера исполнета со импресивни победи.

Лука Модриќ – 75 милиони долари
Лука Модриќ е хрватски фудбалер кој има нето вредност од 75 милиони долари, пишува „Celebrity networth“.

Дино Мерлин – 100 милиони долари
Пејачот и продуцент Дино Мерлин ги руши сите стереотипи кога е музиката во прашање.

Здравко Чолиќ – 20 милиони долари
Пејачот Здравко Чолиќ, кој има нето вредност од 20 милиони долари, важи за една од најголемите ѕвезди во регионот.

Горан Бреговиќ – 20 милиони долари
Композиторот и текстописец Горан Бреговиќ може да се пофали со богато искуство кога е во прашање неговата кариера, но и со странските соработки.

Северина Вучковиќ – 5 милиони долари
Северина Вучковиќ е хрватска поп-фолк пејачка која има нето вредност од 5 милиони долари, пишува „Celebrity networth“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *