Вториот светски рекет, Карлос Алкараз не успеа да ја мине четвртфиналната рунда на Аустралијан Опен или поточно на патот му застана Александер Зверев кој го совлада со 3-1 во сетови.

Алкараз не беше задоволен од партијата која ја прикажа против Германецот и ќе мора да поправи некои работи ако сака во иднина да освојува пехари на големата сцена.

Меѓутоа токму тој беше единствениот кој го совлада Новак Ѓоковиќ на грен слем турнирите во 2023 година, па запрашан за тоа дали некој може да го совлада од преостанатите играчи во Мелбурн, тој верува дека Јаник Синер има капицитет тоа да го оствари.Првиот светски рекет Ѓоковиќ  утре игра полуфинале со Италјанецот Синер со почеток од 14 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *