Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, славеше над Норвежанецот Каспер Руд во финалето на последниот грен слем турнир сезонава САД Опен со резултат со 3:1.
Во меч кој траеше 3 часа и 23 минути, 19-годишниот Шпанец имаше 14 аса, три двојни грешки и реализираше 3 брејк топки од 11. Ова е петта титула за Алкараз во 2022 година, шеста АТП титула во кариерата и прва на грен слем турнирите.
Со ова, Шпанецот стана најмладиот светски рекет број еден, на возраст од 19 години и четири месеци. Досега рекордот беше во сопственост на Австралиецот Лејтон Хјуит, кој во 2001 година беше на врвот на АТП листата со 20 години и 9 месеци.
Вкупниот награден фонд на грен слемот во Њујорк изнесуваше 60 милиони долари.