Познатата поп пејачка Адел ја освои најголемата награда ЕМИ ЗА КРЕАТИВНИ УМЕТНОСТИ за 2022 на церемонијата која се случи вчеравечер во САД. Адел сега е на чекор поблиску до EGOT односно најголемото призание од Еми, Греми награда , Оскар и Тони награда или со други зборови ЧЕТИРИТЕ ГЛАВНИ АМЕРИКАНСКИ НАГРАДИ. Инаку Адел во нејзината колекција сеуште ја нема Тони наградата. Инаку Најголемиот успех го достигнува со албумот 21 или албумот на 21 век со продажба од над 31 милион примероци. Албумот доби рекордни шест Греми награди а влезе и во Гинисовата книга на рекорди за најслушан албум во светот. Само 17 луѓе успеале да добијат статус на ЕГОТ, меѓу нив се Мел Брукс, Вупи Голдберг и Џон Леџенд.