Бендот планира да одржи вкупно 21 концерт во Европа. Power Up е исто така името на последниот студиски албум на групата, што беше објавен во 2020 година. Тоа е прва европска турнеја на AC/DC по осум години, објавија организаторите.

Но, тогаш пејачот Брајан Џонсон мораше да паузира поради здравствени причини, поради што беше заменет со Ексл Роуз од Ганс енд Роузес. Сега Џонсон се врати на микрофонот, а со него фановите можат да го очекуваат и Ангус Јанг на гитара.

AC/DC ќе слават 50- годишнина на турнејата, имајќи предвид дека бендот го одржа својот прв концерт на 31 декември 1973 година.

Билетите за концертите во Виена се достапни од петок, 16 февруари. Групата AC/DC има продадено околу 200 милиони копии од албуми ширум светот во својата кариера, вклучувајќи 70 милиони само во САД. Албумот Back in Black од 1980 година е продаден во околу 50 милиони копии ширум светот, што го прави еден од петте најпродавани албуми во историјата на музиката.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *