И покрај продажбата на милиони копии во текот на четирите децении, огромниот хит на Abba од 1979 година, Chiquitita, не ѝ носи пари на познатата шведска група. „Ги дадовме авторските права на УНИЦЕФ“, изјави за Би-Би-Си членот на Абба, Бјорн Улвеус.„Со текот на годините дојдоа многу пари затоа што Chiquitita беше свирена и стримувана многу, и беа продадени многу плочи. Па јас сум многу среќен поради тоа“, додаде тој.Напишана за Годината на детето на УНИЦЕФ, песната Chiquitita (Мало девојче) беше првата песна на Абба снимена на шпански и постигна голем успех низ Латинска Америка

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *