Завршени се мемоарите а многумина едвај чекаат! Ќе ги опфатат најранливите моменти од нејзиниот живот, од нејзиното детство како обична девојка со големи соништа, раскинувањето со познатиот пејач Џастин Тимберлејк и долгогодишната битка за старателство со нејзините родители. Самата пејачка во неколку наврати призна дека немала пристап до своите пари, не смеела да пие кафе, а била под надзор дури и кога се туширала. Старателството траеше до ноември 2021 година.