Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм „Гласот на тишината“ на Илија Павлов. Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов. „Гласот на тишината“ имаше европска премиера на Синедејс, фестивалот на европски филм. Освен во Скопје и во Битола, тој најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врати се“.