. Датумот на концертот е 24 јуни, на „Вембли“, а целта е да биде своевидна поддршка на украинскиот народ. Спектакуларниот концерт би требало ги собере големите светски музички имиња на едно место.„Ролинг стоунс“, „ЈуТу“, Пинк, Килерс, Адел, Пол Макартни, , „Флоренс енд д машин“, се само некои од многуте ѕвезди кои се поканети на концертот. Планирано е концертот да има телевизиски пренос низ светот, со цел да се испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин. „Ова ќе биде голем настан. Ќе настапуваат најдобрите музичари во светот. Ова го сакаа луѓето подолго време и сега одредивме време и место изјавија организаторите.