Корисниците ќе имаат можност за верификација на профилот. Кодот го споменува терминот платена сина значка која се однесува како штиклирање што ќе го добијат проверените корисници на платформата. А со сето ова на корисниците им овозможува одредени поволности и нови функции.
Овие намери на Инстаграм ги откри инженерот Алесандро Палучи, а своите тврдења ги базира на кодот.
Тој сподели фотографии од екранот од кодот на апликацијата, на кои се гледаат линиите „IG_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“ и „FB_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“.
Тоа јасно укажува дека „платената сина значка“ се однесува на сините значки што ги добиваат профилите на проверените корисници на оваа платформа. FB и IG се однесуваат на Facebook и Instagram, што значи дека Мета размислува за платена верификација на профилите на своите платформи.
Ако Мета навистина работи на платена верификација, тогаш треба да најде начин да не ја повтори грешката на Твитер. Во моментов, многу е тешко да се верифицира профилот, а постои и црн пазар за проверка на Инстаграм каде што луѓето плаќаат десетици илјади долари за да добијат ознака на нивниот профил.
Засега нема коментари од Мета за откритието на Палучи.