На денешен ден 25 јануари 1981 година во Прилеп е родена најголемата македонска музичка ѕвезда и ангел Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Речиси секоја негова песна беше хит. Работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин. во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера. Па, токму денес во Крушево од 9 до 16 часот предвидена е хуманитарна крводарителска акција во ораганизација на ОО на Црвен Крст- Крушево. Во10 и 30 полагање свежо цвеќе во вечното почивалиште на Тоше. Во 11- 11.30 изложба на уметнички слики од ликовната школа Тоциновски- Скопје. Од 11и30- 12.00 промоција на уметничките дела од 26та керамичка колонија во Велес и 42те маички за 42 роденден на Тоше штампани со победничкиот мотив. Од 12.00- 13.00 музички сценски настап со наслов “Ангел си ти” на музички рефрени на Тоше во изведба на Андријана Јаневска и Бојан Стојков со муизчка придружба на камерен состав од средното музичко школо во Битола на аранжман на проф.по пијано и диригирање Вангел Мажески.