Светското првенство во 2026 година ќе има 48 репрезентации и ќе се игра во три држави. Постоеше стравување каков ќе биде Мундијалот во Катар, но дефинитивно оваа земја го организираше турнирот на највисоко ниво. Претседателот Џани Инфантино дури го нарече и најдоброто Светско првенство во историјата.
Мундијалот во 2026 ќе биде вистински предизвик ќе гледаме натпревари во 16 градови поделени во четири временски зони. Досега учествуваа 32 репрезентации и во оваа форма се играше од 1998 година, а сега ќе не чекаат 48 селекции. Со самото тоа се зголемува и бројот на натпревари па така може да гледаме и рекордни 104 натпревари.
Се разговара и за тоа како ќе се организираат натпреварите. Големите европски клубови вршат притисок на ФИФА да не се проширува турнирот и да трае најмногу 33 дена. Решението во таков случај е шест натпревари дневно во воведната рунда.
Во Катар репрезентациите скоро и да не патуваа, сите стадиони беа прилично блиску, но со Мундијал во Канада, Мексико и САД во 2026 година тоа сигурно ќе биде далеку поразлично.
Градовите во кои ќе се играат натпреварите:
САД: Бостон, Филаделфија, Њујорк, Кансас Сити, Атланта, Далас, Мајами, Сан Франциско, Лос Анџелес, Хјустон, Сиетл.
КАНАДА: Ванкувер, Торонто
МЕКСИКО: Монтереј, Гвадалахара, Мексико Сити